Kasutaja Pakisr Kostadinov päevik

Pakisr Kostadinov
42, Strumitsa, Makedoonia

05.01.2012

Чекорат по улица, заедно, а секој е во некој свој свет. Разговараат за сенешто, како безброј пати претходно, сепак, нешто е различно. На нејзиното лице се раѓа топлина што никогаш не испливала на површината.

-Тие што сега останаа неми, го загубија правото некогаш да го кренат гласот - одненадеж ѝ вели тој.

-Тие што севезден ја веднат главата за никој да не може да им го види лицето никогаш не ќе имаат глас - му враќа таа и разлева радост по усните, каква што тој никогаш не беше видел.

* * * *

Чекори по улицата. Права е, преполна со статисти и неподносливо здодевна.…


29.12.2011

Čekaj me, i ja cu doći,
samo me čekaj dugo.
Čekaj me i kada žute kiše
noći ispune tugom.
Čekaj me i kada vrućine zapeku,
i kada mećava briše,
čekaj i kada druge nitko
ne bude čekao više.
Čekaj i kada čekanje dojadi
svakome koji čeka.

Čekaj me, i ja ću sigurno doći.
Ne slušaj kad ti kažu
kako je vreme da se zaboraviš
i da te nade lažu.
Nek poveruju i sin i mati
da više ne postojim,
neka se tako umore čekati
i svi drugovi moji,
i gorko vino za moju dušu
nek piju kod ognjišta.
Čekaj i…


15.08.2012

Одев и застанав.
Се свртев и видов.
Го видов моето минато.
Не, не го видов минатото
туку една јасна слика
на ужаси, болка и среќа.
Ги затворив очите и
погледнав напред во
мојата иднина.
Не, не погледнав во иднината
туку во замаглен прозорец
со уште повеќе солзи и мачења.
И стојам, незнаејќи каде,а
не смеам да застанам.
Колку повеќе чекам
времето се побрзо лета.
Повторно ја погледнувам
сликата на минатото
и дури сега забележувам
дека низ неа ѕиркаат зраци
и знам
тоа е моето одамна поминато детство
кое не се враќа веќе.
Се вртам,
го гледам и прозорецот на иднината
и од таму допира зрак,
зрак кој е тешко да се забележи.
И се уште не знам каде да тргнам,
а времето тече.
Дали да се вратам назад
и да…


10.07.2010

Плавуша и компјутер
Како се познава кога плавуша брише фајлови?
На мониторот има траги од гума.

Плавуша и овчар
Со една плавуша многу се шегувале дека е глупа и таа решила да си ја бојадиса косата црна. Еден ден се возела со автомобилот и видела стадо овци. Застанала и му рекла на овчарот:
- Ако погодам точно колку овци има во стадото, ќе ми дадеш да си изберам една овца.
Овчарот се согласил.
Таа рекла без размислување:
- 54!
Овчарот се изненадил од точниот одговор.
Плавушата рекла:
- Си го бирам тоа разиграното јагненце. Го зела и го однела во автомобилот.…


15.05.2010

Сакав вечерва да ти пишувам песна
Само една од оние што трае вечно,
Како го писмо, не можам да дишам,
И умот ми го истури од ваша бесконечност.

Стиховите да ми плаче некаде во прав
Додека мислата на барате трепет прстите,
За kolko немате тивкиот,
Во секој жив нешто, во моите очи.

Сакав само да го предаде те сакам,
Да многу време во близина на стапка,
Знам дека беспомошни изгуби сè што повторно,
Тонам подлабоко во својата длабочина.

Ако сакав дека бебето ти напишам песна
Сега како сон да си игра со твојот ум,
Како што ако писмото не можеше да дише,
А истури мојот ум, веќе не постојат.

Кога ќе се соочат со утринското сонце…


04.12.2012

Си доаѓа полицаецот дома и ја гледа својата жена како лежи гола во креветот.

- Жено кажи каде е! Ќе го убијам!

- Никој нема мажу, што ти е?

- Мори жено кажувај каде е, ќе ве убијам двајцата.

- Никој нема!

Оди во едната соба никој, оди во другата нема

никој, отвара во шкафот и таму нема никој.

Погледнува под креветот, а од таму човекот

му подава 20 евра. Полицаецот ги зема парите и вели:

- И под креветот нема никој!


Разговараат Трпе и Лео што им купиле на сопругите за Нова Година.Лео вели: "Да ти кажам Трпе, јас на жена ми и купив фустан и мерцедес."

Трпе зачудено прашува:…


Ме пречекуваш со збогум
и раце ширум отворени.
Ми велиш: „Јас сум овде
само една ноќ“.

Те помирисувам. Опојно, вртоглаво ме заведуваш. Ме кутнуваш в постела. Ми говориш тајни кои веќе одамна ги знам. Размислуваш како да заминеш, добро знаеш дека јас и натаму ќе чекорам подгрбавен, со нелогично тежок ôд, секојпат штом ќе се задлабочам во некои далечни мисли. Засекогаш ќе ги пренагласувам ч, џ, ш, кога ги објаснувам своите чудни теории....

Ме пречекуваш со збогум
и раце ширум отворени.
Ми велиш: „Јас сум тука
само еден здив“.


29.11.2009

Ја замислувам онаа твоја полусрамежлива насмевка кога ги свиткуваш
усните сосема доволно за да станеш најубавото суштество што моите
подзамижани очи некогаш го виделе. Сакам да ти напишам песна, стих,
приказна, нешто што ќе ти каже колку многу сакам да ги изгризам
подвитканите усни; а зборовите, проклето инаетливо, летаат наоколу во
јата и одбиваат да слетаат, ред по ред, ред по ред.

Зјапам во
тебе, а во некое невидливо огледало пред себе го гледам жарот во очите
на малото дете што за првпат нестрпливо чека да го одвитка својот
роденденски подарок. Чекам да ми ги запееш најубавите ноти на…


10.04.2011

Светот умирал секоја година, кога умирало Сонцето. Три дни тоа ја губело силата и не сакало да блесне по никоја цена. Сите луѓе се натажувале во тоа време и коси корнеле по својот сакан Сончко. За да го натераат одново да се роди, престанувале со сите работи и почнувале големи веселби. Се пиело, се јадело, секој правел што му доаѓало убаво на душичката и сѐ така до моментот кога Сонцето одново ќе се родело, со светот во своите пазуви.

Си замислив желба. Таа ја одлепи трепката што имаше залутано некаде на моето лице и обајцата си замисливме желба. Трепката остана на…


Одамна не сум ти кажал
дека ќе го пречекорам сиот свет
и ќе ги украдам сите нераскажани приказни
за да ти ги шепотам во ноќите несони.

Одамна не сум ти кажал
дека станувам љубоморен
на секоја сенка што те милува,
штом се оддадеш на слаткиот сон.

Одамна не сум ти кажал
дека не можат да ме дофатат
ниту најзавидливите злоби,
кога со рацете ќе ме обвиеш.

Одамна не сум ти кажал
колку многу сакам
да ги откријам сите слики втонати
во твојата „Вселена“.

Одамна не сум ти кажал
дека те сакам.


← eelmine 1 2 3 4 5 ... 12 järgmine
Päevikud
Päevikute uuendamine toimub iga 5 minuti tagant.