Одамна не сум ти кажал
42, Македония

Одамна не сум ти кажал
дека ќе го пречекорам сиот свет
и ќе ги украдам сите нераскажани приказни
за да ти ги шепотам во ноќите несони.

Одамна не сум ти кажал
дека станувам љубоморен
на секоја сенка што те милува,
штом се оддадеш на слаткиот сон.

Одамна не сум ти кажал
дека не можат да ме дофатат
ниту најзавидливите злоби,
кога со рацете ќе ме обвиеш.

Одамна не сум ти кажал
колку многу сакам
да ги откријам сите слики втонати
во твојата „Вселена“.

Одамна не сум ти кажал
дека те сакам.

51 просмотров
 
Комментарии

Комментариев пока нет.
Будь первым - напиши свой комментарий.

Дневники
Дневники обновляются каждые 5 минут