Затвори ги очите
Отвори го срцето
Остави ја тагата
Подадј ја раката
Исправи ја главата
Покажи ми насмевка
Нека погледот
Биде огледало
На душата
Нека чекорот
Биде патот
Кон иднината
Нека солзата
Биде патоказ
На среќата
Нека мигот
Биде свеќа што
Не згаснува
И денот
Што доаѓа
Нека не не одмине
Нека бидеме ние
Цвеќе што
Не венее,
Живот што почнува,
Вода што извира,
Вечност што не умира.
Ei ole kommentteja vielä.
Jätä kommenttisi, aloita keskustelu!