Најдобри методи за успешен летен флерт
68, Skopje, Makedoonia

Летниот период е совршен за флертување. Плажите или парковите се идеално место каде можете да запознаете некоја интересна личност. Еве неколку совети од љубовниот советник Џоана Лиман, кои можат да ви помогнат во усовршувањето на заводничките вештини:

Флертот е невербален, важен е ставот

Клучниот фактор треба да биде довербата. Ако ви недостига самодоверба, можете да станете очајни, додека ако покажете преголема самодоверба ќе изгледа како да сте над него. А тоа воопшто не е секси. Ако не знаете да флертувате, можете да настапите со вашата смисла за хумор. Претворете ја комуникацијата во забава.

Никако без насмевка на лицето

Широката насмевка е најдобриот метод со кој можете да се служите во флертот. Дали некогаш сте виделе некој да флертува со намуртено лице? Не заборавајте да бидете постојано насмеани.

Земете го кучето со вас на прошетка

Кучето може да биде идеално средство за спојување. Ако немате сопствено, тогаш позајмете го од ваш пријател. Со него можете слободно да му пристапите на некој кој го шета своето куче. Пред да го погалите, прашајте го сопственикот дали смеете. Прашајте за името на кучето, а кога ќе го скршите мразот со насмевка на лицето поставете и неколку лични прашања.

Гледајте го во очи

Ќе се изненадите од фактот дека луѓето навистина ве гледаат во очи. Набљудувајте ги во текот на разговорот и ќе забележите дека тие постојано ги анализираат цртите на вашето лице. Исто така ќе забележите дека почнувате да привлекувате внимание со вашите очи, насмевка и разговор како да сте магнет.

Сè е во погледот

Тајната на флертувањето се наоѓа во очите и нивниот поглед. Можете погледот да го скриете на кратко загледувајќи се во подот или во далечина,а потоа да го погледнете соговорникот повторно во очи. Тоа ќе ве направи мистериозна. На соговорникот ќе му дадете до знаење дека ви е интересен и дека сакате да дознаете што повеќе за него.

Допири во текот на разговорот

Нежните допири по рацете или рамото можат да бидат знак дека сте заинтересирани. На мажите им требаат многу знаци за да бидат сигурни дека сакате да имате нешто со нив.

Повеќето мажи се срамежливи за да ве викнат на пијалок, освен ако не се сигурни дека нема да бидат одбиени. И жените исто така реагираат на допир. Полесно се воспоставува комуникација преку допирот. Всушност, кога некој вистински ви се допаѓа не може да се сокрие физичката привлечност.

2 vaatamisi
 
Kommentaarid

Kommentaare veel ei ole.
Lisa kommentaar, ole esimene!

Päevikud
Päevikute uuendamine toimub iga 5 minuti tagant.