Една година без Тоше!
36, Skopje, Makedoonia

 Мое малечко... Која беше таа виша сила што те однесе далеку од нас? Дали горе се разбуди во светот на љубовта или си осамен, без оние што ги сакаш, а со оние со кои го делиш местото помегу англеите? Да можам да вратам една година назад, да го избришам тој 16ти октомври од календарот на животот, да ги запрам стрелките на часовникот... да можам да го направам тоа... Мое малечко... Која беше таа виша сила што те однесе далеку од нас? Дали горе се разбуди во светот на љубовта или си осамен, без оние што ги сакаш, а со оние со кои го делиш местото помегу англеите? Да можам да вратам една година назад, да го избришам тој 16ти октомври од календарот на животот, да ги запрам стрелките на часовникот... да можам да го направам тоа...
Сега ветерот тивко ми ги брише врелите солзи од лицето, а дождот ми ја дава утехата за сета тага собрана само во малите лавиринти на моето беспомошно срце. Ти ангелу што беше мојата прва платонска љубов, ти што ми ја даваше љубовта преку твоите песни, ти што ме направи да го паметам детството... е токму ти ми замина, ме напушти, ме остави сама. Толку осамена што само солзите ми останаа како најдобри пријателки, а тагата како верен придружник.
Сега седам и пишувам за тебе... се губам во зборовите на овој текст, не знам ниту да започнам, не знам ниту да завршам... како можам да напишам нешто за тебе? Па дали тоа што го направи ти може да се напише, да се нацрта, да се искаше... Не, тоа може само да се чувствува. А што чувствувам сега јас? Далеку сум од тоа да се радувам само на убавите нешта што си ги направил, далеку сум загубена во тој лавиринт... јас само плачам и чувствувам голема грутка во грлото, не можам да се искажам, не можам да поверувам... не сакам да поверувам. Кажи ми само дали си тажен и ти? Дали имаш солзи во тие малечки очиња, дали ти светат сеуште за нас? Кажи ми... дај ми огдовор... зарем не гледаш дека те прашувам... дај ми да го слушнам твојот глас... Ох, Боже зошто ми го направи ова? Како да си го вратам? Зошто не знаевме да си го задржиме за нас? Зарем бевме толку лоши, зарем не знаевме да сакаме? Залудни ми се прашањата кога мене никој не ми дава одговор, залудно ми е плачењето кога мене никој не ми дава ни трошка среќа, залудна ми е и тагата кога мене никој не знае да ме расположи така како што правеше Ти.
Длабоко во срцето имам горчина што ме притиска, што не ми дава да проговорам, што не ми дава да се навратам на тоа. Мојот Тоше, моето бајадерче со глас како ангел излезен од нотите на славејот, исцутен крај полските цвеќиња, роден до неговата цреша... е па тој ми отиде таму горе, за него плачам една година, за него се овие скршени срца, за него е мојот живот, мојата младост, моите години... Сe би дала само тој да е тука... Можеби не мора до мене, но нека биде до вас. Тој беше нешто надприродно, нешто неописливо, убаво, најсакано, најхумано... тоа беше мојот, нашиот... тоа беше ангелот  ТОШЕ кој на сите ке ни стане во срцата...timot na romanticni.com.mk.....i golema blagodarnost do www.tosefans.com

23 vaatamisi
 
Kommentaarid

Kommentaare veel ei ole.
Lisa kommentaar, ole esimene!

Päevikud
Päevikute uuendamine toimub iga 5 minuti tagant.