Грешки во бакнувањето кои мора да ги избегнувате!
36, Prilep, Makedoonia

1. Грешка: Напад на устата

Бакнежот треба да биде нежен, а не како животински напад на устата. Ако
мислите дека можебе вие се бакнувате така, променете ја тактиката.
Започнете бавно, и пуштете го бакнежот природно да се развива. Ако ја
форсирате страста, може да фатите партнерот неспремен и тоа да
дејствува како напад. Обрнете внимание на сигналите кои вашиот партнер
ви ги праќа. Бакнување е тимски спорт, и ако вашата друга половина
целата ноќ треба да игра во одбрана, вие сте премногу агресивни.
Опуштете се, забавете и уживајте. Овозможете и партнерот да уживаа
заедно со вас.

2. Грешка: ’бапски’ бакнеж

Јазикот има своја улога во бакнувањето и би било добро да го користите.
Бакнежот не мора да биде многу влажен, но не е добар и кога е потполно
сув. Сигурно не сакате вашиот партнер да се праша дали тоа воошто е
бакнеж. Спојување на усните со ептен нежни движења на устата не може да
го наречеме бакнеж. Ве прикажува како личност која лошо се бакнува или
личност што не сака да се бакнува. Бакнувајте е како навистина да
мислите и сакате. Ангажирајте ги срцето, јазикот и устата, а
задоволството нема да изостане.

3. Грешка: лош здив

Многу, многу лошо. Замислeте како би ви било на вас, да треба да се
бакнувате со некој кој има лош здив. Ментол бонбони или гуми за џвакање
треба да се задолжителен прибор за секого. Подобро да се спречи отколку
да се лечи. Не треба посебно да ви напоменеме дека е неопходно редовно
одржување на хигиената на забите уста. Употребувајте и водичики за
исплакнување, но нека здив ароматизаторите ви се секогаш при рака и
нема да биде проблем. Свеж бакнеж е најдобар бакнеж.

4. Грешка: бакнежи во уста, вклучувајќи ja и устата

Сигурно некој некогаш ви се пожалил на лош бакнеж кој го опфатил целото
лице, но не и уста. Да, мали бакнежи во образ се слатки, но кога некој
ќе ја потроши цела сила и моќта на јазикот на целото лицето а ги
заборави усните, тогаш тоа нешто многу погрешно. Вистински, убав бакнеж
ги зближува партнерите. Ќе се согласите дека никој не е среќен кога
целото лице му е влажно од јазикот, а усните да останат недопрени.
Немојте да бидете еден од тие луѓе. Ако не можете да се воздржите од
навиката, имајте барем хартиени марамчиња за да го избришете лицето на
партенрот. Нашиот совет е да избегнете таков начин на бакнуваање.
Обрнете внимание и на усните на партнерот.

41 vaatamisi
 
Kommentaarid

Kommentaare veel ei ole.
Lisa kommentaar, ole esimene!

Päevikud
Päevikute uuendamine toimub iga 5 minuti tagant.