Го сакам…
37, Milan, Itaalia

Го сакам оној гласен звук во слушалките кои се наоѓаат во моите уши. Музиката е таа што денот ми го прави поубав. А, ноќта пак? Таа потпомогната од мојата фантазија уште еднаш го режира совршениот музички спот во кој што јас сум главната улога. Пеејќи за љубовта на мојот живот, или за проблемите во кои тонам. Таа блага насмевка во ноќта беше јасен знак дека во мојата глава се случуваше некоја нова измислена приказна за совршените одговори на моите прашања. За совршените решенија кои се секогаш толку нереални, тешки за остварување. Размислував за сè. За луѓето околу мене, за луѓето што се зад мене, сега веќе далеку. И за најблиските. Тие што се секогаш покрај мене. Созревам, си велам. Станувам попаметна, можеби. Самодовербата ја немам, се плашам. Тагата можеби ќе ме уништи, шепотам тивко во ноќта. Дали таа постои или само ја измислувам? Дали причинителот некогаш ќе го заборавам, или пак ќе го уништам. Помислував… Ноќите беа тие што секој пат ме правеа некоја нова личност.

Го сакам и оној мирис на утринското кафе помешано со чистиот утрински воздух. Со спојувањето на нивните мириси за миг заборавав на сè. Заборавав на сите луѓе кои очекуваа од мене и денес да бидам совршено насмеаната личност, која е спремна да им помогне, која е спремна да се уништи самата себе со мислите. Само за да им го даде најдобриот совет. За прв пат не размислував за начините на кои што можев да им помогнам на другите. Утрото си го посветив на самата себе. Заборавав дека всушност сум сама и дека нема потреба од таа патетична насмевка која ја носам во текот на целиот ден. А, сепак се смеев. Се смеев како лесно можат луѓето да ме направат најсреќната личност на земјава, и потоа истите тие да ми ја донесат и најголемата болка. Заборавив на сè . На сите мои прблеми, разочарувања, болки.

Сонцето сеуште не беше излезено. Чекав нестрпливо стоејќи пред прозорот. Знаев дека кога тогаш треба да се појави. Во првиот момент кога се завртев да го погледнам часовникот. На ѕидот ја видов мојата сенка предизвикана од сончевите зраци. Погледнав кон небото. Облаците веќе ги немаше, а сонцето се наоѓаше во средина и го осветлуваше целото небо во светло сина боја. Беше прекрасно. Погледнав на другата страна. Ја видов и ѕвездата која последна згаснуваше. Како последен знак, дека ноќта престојувала тука. И остава место на новиот ден кој штотуку започна…

136 vaatamisi
 
Kommentaarid
DJ-Acid 28.09.2012

baѕ Intereѕnoooooooo !!! *THUMBS UP* *YAHOO* *DRINK* *ROSE*

Päevikud
Päevikute uuendamine toimub iga 5 minuti tagant.