LeT's CooK - „Џус од лубеница“
24, Gostivar, Makedoonia

LeT's CooK - „Џус од лубеница“

article logo image

Летото е карактеристично, убаво и слатко порди многу причини... Една од нив е и лубеницата :)

Освен тоа што лубеницата е здрава за организмот лубеницата содржи 90% вода, многу малку белковини, 10% здрав овошен шеќер, како и потребни витамини и минерали... Не е калорична (во 100 грама има 30 калории) и е препорачлива за оние кои држат диета :)

Можеби сте слушнале дека има многу лековити дејствија, дека помага при антиоксидација, при обнова на кожата, при задржување на водата на оптимално ниво, при заштита од UV зраците, го намалува ризикот при болести на срцето, рак на матката, простата, јајниците... и ред други работи... и еве уште нешто, што можеби не сте знаеле а ќе им биде корисно на повеќето девојки, во текот на менструацијата го намалува обилното крварење :) Хееееј... нели е спас :)

Е да... откако видовме мал дел од лековитите дејства мора да си признаеме дека воопшто не сте ни слушнале некои од нив или не ве ни интересирало затоа што пред се лубеницата се користи за да се надминат овие пеколни горештини :) А јас ќе ви дадам уште еден рецепт како на друг начин да ги конзумирате здравите состојки на лубеницата... дали сте за џус на пример? :)

Малку состојки се потребни за еден ваков освежителен здрав пијалок :)

Може да си го направите и додека сте на одмор па да си понесите на плажа :) МмМмМмммм :)


А еве што ви е потребно:

  • половина лубеница, исчистена од семките и исечена на коцки
  • половина лажиче ѓумбир во прав
  • 3 лажици мед
  • 120 мл сок од лимон
  • прстофат црн бибер во прав
  • коцки мраз

Подготовка: Во блендер ставете ги коцките лубеница заедно со сокот од лимон, медот и зачините. Миксајте додека да се соединат сите состојки. Сервирајте во високи чаши со неколку коцки мраз и ливчиња од нане.

3 vaatamisi
 
Kommentaarid

Kommentaare veel ei ole.
Lisa kommentaar, ole esimene!

Päevikud
Päevikute uuendamine toimub iga 5 minuti tagant.