Знам дека моето срце има лажено,
но сега говори, со искреноста
на невидлива пријателска врска, сврзана во тајност.
Доаѓајќи од мене, можеби ова изгледа неверојатно,
но во господ се колнам – вистина е:
пријатели сме до вечноста и засекогаш, засекогаш ќе те сакам.
Сиот живот бев сонувал
да сретнам некоја со неверојатна убавина
и штом ќе ја најдам, да ја шармирам
и моја да биде.... засекогаш.
Ја најдов и, навистина, таа е сè што посакував и повеќе, но
не е шармирана, ниту заинтригирана....
Си помислувам – што ли можам јас да ѝ понудам?
Солзите ми ги топлеа очите и замаглуваа видот,
додека тврдоглаво глумејќи храброст ѝ го упатив
истиот незаинтересиран поглед кој ми го фрли и таа....
Беше толку убава,
но, што можев јас да ѝ понудам?!
Велиш дека ме сакаш засекогаш, но
што станува со „денес“?
Како што самраците стануваат зори и годините минуваат
дали ќе ме сакаш еднакво?
Ако е така, радосно да потонеме во постојаното задоволство;
ако не, поштеди ми го срцето денес и ќе закрепнам пред „засекогаш“.
А, ако моите сомнежи и прашања те вознемируваат,
прости му на моето кревко срце,
сакав само да знам дали ќе ме сакаш засекогаш пред „денес“
да започне....
Kommentaare veel ei ole.
Lisa kommentaar, ole esimene!