Прв бакнеж, прв секс
42, Strumitsa, Makedoonia

Прв бакнеж, прв секс 

Kissing-Married-Women.jpg
Пред некое време една другарка ми кажа многу интересна реченица.

Ми вика: “Каков што ќе ти биде првиот бакнеж, такво ќе ти биде првото сексуално искуство. Какво ќе ти биде првото сексуално искство, таква ќе ти биде љубовта до крајот на животот.”
Почнав да размислувам на таа тема...

Kissing-Married-Women.jpgПред некое време една другарка ми кажа многу интересна реченица. Ми вика: “Каков што ќе ти биде првиот бакнеж, такво ќе ти биде првото сексуално искуство. Какво ќе ти биде првото сексуално искство, таква ќе ти биде љубовта до крајот на животот.”
Почнав да размислувам на таа тема и барав сличности и поврзаности со овие три настани. За задача овој пат си дадов да видам колку оваа теорема е правило.
Што би значело ова во практика? На пример, ако првиот пат кога некој сакал да ве бакне сте побегнале, па после првиот пат кога некој сакал да ве легне сте рекле “не”, и на крај, до ден денес бегате од секоја шанса за љубов која ви се нуди. Ако поради било која причина, првиот бакнеж и првиот секс ве натерале да се чувствувате лошо, тоа чувство би требало да ве прати во идина. На еден мој другар првиот бакнеж му се случил како клинец во кампот каде бил на летовање, со девојчето кое цел камп знаел дека е лудо по него. Првиот пат легнал деојка која му ја нашол брат му за да биде “полесна” и “побрза” работата. До ден денес, не може да се заљуби. Од тогаш, па до сега, ниеднаш сам не си избрал девојка, секогаш него го бираат. Девојката секогаш е туѓ избор, а не негов. Една моја другарка, ја изгуби невиноста со дечкото кому сакаше да му го даде првиот бакнеж, но 10 години подоцна. Потоа, сосема случајно ја најде својата љубов, кој случајно или не цел живот бил близу до неа.
Но дали е се’ толку едноставно? Лесно е да се најдат сличности помеѓу бакнежите и сексот. Во суштина, и двете активности се еротски. Исто како кога читате дневен хороскоп во некој весник лесно си наоѓате како личноста под знакот “Шкорпија” за која и се предвидува бурна љубовна недела многу е веројатно да сте токму вие.
Интересно е да се најдат паралели. Сигурно постојат. Но, ова правило може да го димензионирате како сакате. Не мора да значи дека лошата заедничка карактеристика што ги поврзува првите два настани е формула за долгогодишна несреќна љубов. Напротив, може да е било која мала ситница која ги поврзува. И ако првите пати нешто не било како што треба, не значи дека нема поправен испит. Повеќе водете љубов, бакнувајте се, препуштете се на страста и прекршете го кругот на правила!

 

36 vaatamisi
 
Kommentaarid

Kommentaare veel ei ole.
Lisa kommentaar, ole esimene!

Päevikud
Päevikute uuendamine toimub iga 5 minuti tagant.