Дали сте знаеле?
42, Strumitsa, Makedoonia

Дали сте знаеле? Должината на вашата подлактица е еднаква со должината на вашето стапало.

• Човековото срце чука 101,000 пати дневно. За време на еден животен век ќе исчука околу 3 билиони пати и ќе испумпа околу 400 милиони литри крв.

• Човековата уста произведува 1 литар плунка дневно .

• Просечно, човек може да остане без здив околу 1 минута.Светскиот рекорд го постигнал Tom Sietas и тоа 15 минути и 2 секунди.

• Човековата глава има 22 коски.

• Во просек , човек дише 23,000 пати дневно.

• Просечно секој човек изговара скоро 5,000 збора дневно-и покрај тоа што 80% од зборувањето е самиот со себе.

• Мозокот на Алберт Ајнштајн бил со просечна големина (1375 грама).

• Највисоката нација во светот се Watusis oд Burundi.

• Ако количината на вода во вашето тело се намали само за 1% ,ќе се чувствувате жедни.

• Хипокрaт, таткото на медицината , препорачал дека на жената може да и се зголеми обемот на градите , со често и гласно пеење.

• Човек може да издржи без храна околу 1 месец, но без вода само 1 недела.

• Во текот на животниот век , човекот пие околу 75,000 литри вода.

prasalnik.gif


• Косата на главата расте 2 до 6 години пред да се обнови. Во случај на ќелавост , пасивната коса не се обновува.

• Маж губи околу 40 влакна дневно.Жена губи околу 70.

• За првпат во човештвото промена на пол се случи во 1950 кога Данскиот доктор Кристијан Хамбургер го оперираше Њујоркчанецот Џорџ Јаргенсен , кој стана Кристен Јаргенсен .

• Мускулот на окото кој овозможува трепкање е најбрзиот мускул на телото.Тој овозможува трепкање 5 пати во секунда. Во просек, човек трепка околу 15 000 пати дневно.Жените трепкаат двапати повеќе од мажите.

• Црниот дроб е најголем од внатрешните органи.Кожата е најголем орган од на телото.

• Нашите очи се со иста големина од нашето раѓање.

• Секој човек има уникатни отпечатоци на јазикот.

Кога Земјата би била голема како јајце, најдлабокото дупчење кое некогаш е направено не би ја пробило ниту лушпата.

Кога автомобил би можел да се вози без запирање околу екваторот со брзина од 100 км/х, би му биле потребни 16 дена, 16 часа и 45 минути да ја заврши обиколката.

- Кога би возел околу Земјата од Северниот до Јужниот Пол и назад, би стигнал 80 минути порано, затоа што Земјата не е потполно правилна топка.

На копач кој копа дупка низ Земјата со брзина од 1м/мин, потребни му се 24 години да стигне на другата страна.

• Не можете да кивнете со отворени очи.

• Кока Кола оригинално била со зелена боја.

• Во просек се смееме по 15 пати дневно.

• Деснаците во просек живеат 9 години повеќе од леваците.

• Остригите можат да менуваат пол, од машки во женски.

• Во стара Англија луѓето не смееле да имаат секс без дозвола од Кралот (особено не смееле да имаат секс членовите на кралското семејство). Кога некој пар ќе посакал да има секс добивал плочка од кралот на која пишувало “Fornication Under Consent of the King” - видете ја само кратенката од големите букви и се ви е јасно.

• Бубашвабите можат да живеат 9 дена без глава после што умираат од глад.

• Спомениците на коњаници кога коњот е со двете предни нозе во воздух, означуваат дека ликот загинал во борба. Ако само едната нога на коњот е подигната, значи дека ликот загинал од повреди здобиени во битка, а ако коњот стои на земја со сите 4 нозе значи дека коњаникот починал од природна смрт.

• Комарците имаат заби - и тоа 47.

• Ако еден час си ја удирате главата во ѕид губите 50 калории (сепак... не пробувајте да слабеете на тој начин ).

•  За време на војната во САД кога војската се враќала назад од борба без жртви на голема табла пишувале О(null) K(killed) од таму е и фразата О.К.

•  Ескимите имаат преку 15 изрази за зборот снег.

• Симболот на доларот $ е комбинација од буквите U и S од називот United States.

• Кикиритките се дел од состојките од кој се прави динамитот.

•  Секоја минута во светот се продаваат околу 50 Библии.

• Филозофот Емануел Кант никогаш во својот живот не го напуштил родниот град Кенингсберг.

• Најстар парламент во светот е исландскиот, кој е основан во 930 година.

• Целосно затемнување на сонцето се случува на секои 18 години.

• Дали сте знаеле дека интелигентните луѓе во својата коса имаат два пати повеќе цинк и бакар.

• Ако консумирате премногу моркови, вашата кожа и коса може да поцрвенат.

• Мајката на Адолф Хитлер сериозно размислувала за абортус, а од тоа ја одвратил нејзиниот лекар.

• Леонардо да Винчи можел да црта со едната и да пишува со другата рака во исто време.

• Наполеон ја освоил Италија пред да наполни 26 години.

• Во цела Франција има само уште 10 риса.

• Делфинот има 260 заба.

• Во втората половина на 19 век во Египет мумиите биле користени како гориво за локомотивите, затоа што имало недостиг од дрва и јаглен, а мумии имало во изобилство.

 

38 vaatamisi
 
Kommentaarid

Kommentaare veel ei ole.
Lisa kommentaar, ole esimene!

Päevikud
Päevikute uuendamine toimub iga 5 minuti tagant.