нема секс за малолетници
42, Strumitsa, Makedoonia

нема секс за малолетници Претерано ви се допаѓа, но не сте сигурни што мисли за вас. Во тој случај секако обратете внимание на говорот на неговото тело, како и на неговото однесување.

Ако го привлекувате, често ќе гледа во вас. Зависно од карактерот, ќе го прави тоа благо, малку забележливо или пак нападно, претерано очигледно. Со овој гест ви порачува дека сака уште повеќе да ви се приближи. Покрај тоа, без да трепне и да го сврти погледот ќе ве гледа право в очи. Ако се насмеете или го вратите погледот, ќе знае дека привлечноста е заемна.


Исто така, момчето кое чувствува силна привлечност ќе ја искористи секоја можна шанса да ве допре. Без разлика дали ќе биде допир на раката, колената или косата, со тоа ви дава на знаење дека му се допаѓате и дека сака близок телесен контакт.

Одредени работи во неговото однесување исто така можат да ви покажат дека е загреан за вас. Ако се смее од се срце на вашите шеги, иако баш и не сте некоја шегаџика, сигурно сте му многу симпатични.

Среќна случајност
Среќната случајна средба веројатно и не е случајна. Неоговото налик изненадно појавување во вашето омилено кафуле е очигледен знак дека се обидува да ви се приближи.

Внимателно ве слуша
Ако ве слуша внимателно и со голем интерес додека зборувате, наместо вообичаено да зборува за негови работи или непрекинато да зјапа наоколу, ќе знаете дека се работи за силна привлечност или дури вљубеност.


Среќен со мали работи
Ако се интересира за работи и активности што ги сакате, сигурно обожава да биде со вас. Ако го усреќува заедничкото гледање филм кој вие сте го одбрале или не му е тешко да ви прави друштво на шопинг - „ваш е!“


Напади на нервоза
Еден од очигледните знаци дека му се допаѓате е нервозата. Додека е со вас, станува напнат, се смее без причина, му се потат дланките и се црвенее. Ако му помогнете да се опушти ќе ви заблагодари со приврзаност.


Покажување чувства
Жените, поради општоприфатените норми, „смеат“ да ги покажуваат чувствата, за разлика од мажите кои треба да бидат цврсти типови. Доколку ви ги покажува чувствата или разговара за нив, а вие му возвраќате во иста мера, на добар пат сте силно да се поврзете. 

38 vaatamisi
 
Kommentaarid
Save Jovanova 31.03.2009

*THUMBS UP* *THUMBS UP* *ROSE*

Pakisr Kostadinov Pakisr Kostadinov 31.03.2009

tnx save kissss

Päevikud
Päevikute uuendamine toimub iga 5 minuti tagant.