Заспиј Љубов МојаЗаспиј, и кралицата на сонот нека те води оваа вечер.
Во твоите соништа сонувај ги миговите поминати заедно,
Нашите врели бакнежи и топли прегратки.
Заспиј, љубов моја.
А јас ќе ги исплачам последните солзи за денес.
Спиј, а јас со моте солзи ќе го измијам твоето лице,
Од гилотините на љубовта.
Заспиј ангелу мој!
Заспиј, и принцот твој и оваа вечер ќе биде до тебе,
Да те посипе со неговата чиста магична љубов.
Заспиј, љубов моја.
А јас уште оваа вечер ќе ти ја подарам целата моја љубов.
Спиј, а јас со љубов ќе ти го исполнам телото,
Кое е уморно од заморот на денешниот ден.
Заспиј кралице моја!
Заспиј, и сонувај ме мене во твоите соништа,
Бидејќи уште оваа ноќ ќе бидам до тебе да те посипам со љубов.
Уште оваа ноќ љубов моја, а потоа збогум.
Ќе заминам засекогаш од овој свет.
Спиј, кралице моја најсветла.
А јас од небото ќе го чувам твоето срце,
Срце кое знам дека само мене ме сакаше.
Kommentaare veel ei ole.
Lisa kommentaar, ole esimene!