26.06.2009
Зошто?
42, Strumitsa, Makedoonia

  Зошто?Мирна вечер над небото се спушта, темнина се спушта над душата, јас чекорам се подлабоко низ темен тунел без грам светлина и се прашувам дали има излез.
Тоа беше не така одамна, кога чекорев по небото и дури и ѕвездите ми се чинеа достижни, а сега... сега се чуствувам како да не припаѓам никаде. Да, ти и само ти ме турна во таа бездна, само ти и можеш да ме извлечеш. Зарем не можеш во замена за целата таа љубов што ти ја дадов да ме спасиш од бездната во која тонам се подлабоко и подлабоко? Дали знаеш дека оваа вечер таму некаде далеку некој го довикува твоето име? Дали знаеш дека некоја кршлива наивна душа како мојата може да те сака со цело срце и покрај тоа што го направи? Безброј прашања, одговор нема... Некогаш сакам да ти кажам сè, но попусто, не наоѓам зборови со кои можам да ти кажам се што ми лежи на срце...Зошто те чуствувам толку блиску, а сепак толку многу далечно...
Зошто си само бледа сенка, толку недостижна што не постојат зборови со кои би можела да допрам до тебе, а сепак толку длабоко си врежан во срцево и мисливе? Ќе речам, не те сакам, ќе речам, те заборавив и повеќе не се грижам за тебе... но очите повторно ме издаваат... и пак тонам во безброј лаги и бесцелна надеж... И само сакам да затворам очи... да потонам длабоко во лажните соништа, бидејќи тие станаа единственото место каде што сум среќна... Макар и да е лага, сакам уште еднаш да се најдам во твојата прегратка, уште еднаш да ги почуствувам твоите усни на моите како тогаш, кога засекогаш ми остави лузна во форма на првата буква од твоето име во срцево... Прашувам без глас, по којзнае кој пат "Зошто?" пробувам да ја најдам грешката во себе и да ја поправам, но попусто, кога колку и гласно да викнам мојот глас не допира до тебе... се чини дека сите други на светот ја заслужуваат твојата љубов и внимание, само јас, осудена вечно да го повикувам твоето име, не заслужувам ни мало место во твоето срце? Ти на други ѕвезди симнуваш, нечии солзи бришеш... Не си среќен... и ти како мене плачеш секоја ноќ довикувајќи го нејзиното име, но зошто не ми дозволуваш да ти го осветлам патот и да бидам твој ангел чувар?
Зошто не пробаш да ме спасиш мене и со тоа да се спасиш себеси? Толку малку барам... трошка љубов и внимание се сè што ми е потребно за да ме извлече од темнината... Продолжувам, со скршено срце, без сила, но сепак продолжувам да се борам, да те барам повторно тебе и само тебе, да ја барам среќата во твоите раце надевајќи се дека еден ден ќе го прифатиш срцето полно со љубов што ти го подарувам... 

46 vaatamisi
 
Kommentaarid
in4ence 26.06.2009

*THUMBS UP* *THUMBS UP* *THUMBS UP* :-{}

Pakisr Kostadinov Pakisr Kostadinov 27.06.2009

*YAHOO* *YAHOO* *HI* *HI* *HI* :-{} :-{} :-{} :-{}

Päevikud
Päevikute uuendamine toimub iga 5 minuti tagant.