Писмо за убавината
42, Strumitsa, Makedoonia

 Писмо за убавината 

Кога бев мал ми раскажуваа приказни за ѓаволот кој доаѓал за да ти ја купи душата, во замена за исполнување на сите соништа кои некогаш си ги имал. Некој Германец одамна си извадил добра државна плата од кралот пишувајќи ја таа приказна. Но, каде е тој проклет ѓавол со кој треба да се тргува? Или го измислија само за да им дадат надеж на малите деца дека некогаш можеби ќе можат да го достигнат недостижното, макар и по цена на себеси? Премногу илузии постојат во светот на бајките. А јас немам ништо повеќе отколку душата. Само што изгледа и таа ја загубила својата пазарна вредност....

Утрово кога едвај ги отворив очите, повторно првата мисла ми беше – каде е убавината? – Жалев што не можам да ти посакам добро утро онака како што сакам, наместо со евтини зборови. Уште жалам што не можев да поминам со прстите низ твојата бушава коса, да те бакнам на очите, токму во моментите пред да ги отвориш. А потоа дојде и стравот: Што ако некој друг го прави тоа? Што ако некој друг те милува, кога не можам јас? Што ако.... Размислувам така за сите нешта кои никогаш не сум можел да ги имам и веќе изгледаат смешни во споредба со тебе….

Четирите ѕида во мојата соба не го паметат последниот пат кога го виделе твоето убаво лице. Меѓу нив постојано одекнуваат звуците на оној дрварски бенд кој бескрајно ме потсетува на тебе. Повремено ги прекинуваат стиховите од онаа наша песна, истата песна која личи како да била напишана според нашата приказна. И толку. Сè потаму е само една слатко-горчлива опсесија со тебе и твојата прекрасна душа. Нешто што не можам да ти го доловам со зборови....

Кажи ми дека тебе не ти е исто. Кажи ми дека можеш да мислиш на други нешта како што одминуваат секундите. Кажи ми дека не почнуваат обичните работи да ти изгледаат безначајни. Кажи ми дека можеш без мене. Кажи ми и ќе престанам да го барам ѓаволот, не ќе сакам да му ја продадам душата и не ќе се трудам да завршиме заедно! Кажи ми.... ако можеш.

28 vaatamisi
 
Kommentaarid

Kommentaare veel ei ole.
Lisa kommentaar, ole esimene!

Päevikud
Päevikute uuendamine toimub iga 5 minuti tagant.