Осаменост и надеж
42, Strumitsa, Makedoonia

Седам на прозорецот во летната ноќ

ги гледам свездите небески сјајни

молејќи се миговите со тебе да бидат трајни

затоа што единствено тоа ми дава сила и моќ.

Понекогаш ме растажуваат мислите твои чудни

јас кутриот заплеткан со јаже од кпнеж и страст

живеам само во моментите кога на час ил два ќе сме сами

и тогаш надежта и смислата за живот во мене остануваат будни.

Да возвратиш со љубов не е нешто што се учи,

треба да го отклучиш срцето твое милно

не се плаши од чувствата, препушти се, верувај во нив силно.

И тогаш без да знаеш, возвраќање најискрено ќе се случи.

Ќе речеш, не верувам, вие сите сте исти

можеби звучи нарцисоидно

но никогаш зло не би ти нанела тебе

доволно долго сум бил повредувана и знам како е

да чуваш голема болка во себе.

Сакаш верувај сакаш не, јас не сум како тие бедни глисти.

Знам дека не припаѓаш никому,

имам чувство дека за мене имаш нешто

кое сакаш од мене да го скриеш вешто.

Но верувај дека моите чувства не можам да ги подарам секому.

Дозволи ми да допрам парче од твојот волшебен свет

не исфрлај ме вештачки и злобно

зашто и за двајцата може да биде кобно

и пак прашувам надежно

зошто да не го расцветаме преубавиот ангелски цвет?

Сонувам и гледам в срце ме немаш

сонот го скрши со шамар го земаш

се прашувам сега, со јадост и тага

дали си стварност или си лага!?

И кога се будам со мисла тажна

жалам што ме отфрли свесно,

но ќе бидам упорен, од ангелскиот лик не се откажувам лесно!

И не ми преостанува ништо друго

освен да ти кажам, навика си моја многу важна.

Ти сонце и месечина

и точка и цела вселана

од црна дупка светлина

моја гордост љубена!

15 vaatamisi
 
Kommentaarid

Kommentaare veel ei ole.
Lisa kommentaar, ole esimene!

Päevikud
Päevikute uuendamine toimub iga 5 minuti tagant.