10.04.2011
Желба
42, Strumitsa, Makedoonia

Светот умирал секоја година, кога умирало Сонцето. Три дни тоа ја губело силата и не сакало да блесне по никоја цена. Сите луѓе се натажувале во тоа време и коси корнеле по својот сакан Сончко. За да го натераат одново да се роди, престанувале со сите работи и почнувале големи веселби. Се пиело, се јадело, секој правел што му доаѓало убаво на душичката и сѐ така до моментот кога Сонцето одново ќе се родело, со светот во своите пазуви.

Си замислив желба. Таа ја одлепи трепката што имаше залутано некаде на моето лице и обајцата си замисливме желба. Трепката остана на прстот поблиску до мене. Си замислив желба и никогаш никому не ја кажав.

Кога првпат посакав да сплетам букви во бескрајна низа што ќе кажуваат сказни за времињата дамнешни, кога Сонцето умирало секоја година, за потем одново да се роди, се затскривав зад дрвја и камења, зад ридје и плнини, зад 7 бели долини, за никој да не открие чии раце ги сплеле тие чудни ѓердани. Кога последен пат посакав да ја пресликам неа со букви неброени на хартии пожолтени, решив да се искачам на највисоката планина, да застанам спроти очите љубопитни и на сиот глас да го извикам нејзиното име. Но, тоа никогаш не стои. Некогаш започнува со Е, некогаш не. Нејзиното име постојано се двоуми....

Девојката со две имиња е неизмерно прекрасна. Само таа може да ме допре со усните и без да изусти збор, да ми ја раскаже најубавата приказна за месечината што стои над нас, за љубопитната Месечина која нѐ набљудува додека нашите усни се допрени. Само таа....

Уште една нова смрт, којзнае која по ред. Најубавата девојка, во моите прегратки, токму по крајот на стариот и пред почетокот на новиот свет. Си бев замисли желба и не ја кажав никому, сѐ до сега....

57 vaatamisi
 
Kommentaarid

Kommentaare veel ei ole.
Lisa kommentaar, ole esimene!

Päevikud
Päevikute uuendamine toimub iga 5 minuti tagant.